Гаши- Нема да го трошиме нашиот капитал за нечии партиски кризи

Сакаме да потенцираме дека како партија на иднината сме подготвени да разговараме со секого ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Северна Македонија. Имаме сопствена агенда и за истата очекуваме поддршка од сите присутни. Еден од приоритетите е нашиот уставен амандман за спречување на застарување на кривичните дела поврзани со политичката корупција. Најважно од се’ е дека нема нашиот политички капитал да го жртвуваме за амортизирање на ничија партиска криза. Граѓаните треба да бидат спокојни и да бидат сигурни дека претседателот на Алтернатива, Африм Гаши, ќе продолжи да биде нивниот глас – велат од Алтернатива.

На средбата, која премиерот на Албанија Еди Рама ја свика за вечерва во Тирана ќе присуствуваат лидерите на ДУИ, Алијанса за Албанците, Алтернатива и на ДПА, Али Ахмети, Арбен Таравари, Африм Гаши и Мендух Тачи. Поканата од Рама ја прифати и претседателот на Беса Билал Касами, но тој одбива да седне на заедничка маса со Ахмети. Како што информираат од Беса, Касами ќе има одделна средба со Рама.

Back to top button
Close