Гаши: Немаме понуда од СДСМ за влез во Владата    

Немаме ниедна понуда, одговори лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, вечерва во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат на прашањето дали добиле понуда од СДСМ за разговор за влез во владата.

Со оглед на тоа што партијата е во коалиција со Алијанса за Албанците и досега соработуваше со ВМРО-ДПМНЕ, Гаши вели дека принципиелно е прво да разговара со нив.

„Принципиелно е ние да дискутираме прво со ВМРО и Алијанса, да видиме кој е нивниот концепт за развој на понатамошните процеси, за тоа како го гледаат тие, а како ние на процесот за излез од кризата. Ако имаме заеднички точки, ако се усогласуваме, мислам дека ќе продолжиме да бидеме конзистентни во тоа што сме биле досега како конструктивна опозиција итн. Но, доколку не може да се договориме, дури тогаш може да видиме што се очекува од нас, кој е новиот контекст, во тој нов контекст каде може да се најде себеси Алтернатива и, се разбира, ќе треба оваа работа да ја дискутираме во нашите партиски органи. Ние сме демократска партија со доста развиена демократија, ние не ги добиваме одлуките од еден човек или од некоја тесна група туку ја отвораме како дебата внатре, дискутираме долго, ги анализираме сите димензии и ја носиме таа одлука за која мислиме дека е во интерес на сите граѓани – рече Гаши

 

 

Back to top button
Close