Гаши: Први мај е денот кога оддаваме признание на сите кои чесно ја извршуваат својата работа, придонесувајќи за подобра иднина за себе, за своите семејства и за целото општество

Први мај, како симбол на борбата за работничките права, за социјална правда и достоинствен живот, е денот кога оддаваме признание на сите оние кои живеат од својот труд, кои чесно ја извршуваат својата работа, придонесувајќи за подобра иднина за себе, за своите семејства и за целото општество, напиша претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

Затоа, како што посочува Гаши, на Меѓународниот ден на трудот, упатува честитки до сите работници во нашата држава кои со својата секојдневна посветеност и труд се столб на нашето општество и економија.

– Како државни институции, наша врвна обврска е да создаваме услови за сигурна, правична и достоинствена работа за сите. Вашиот труд заслужува да биде вреднуван соодветно, со почит и со поддршка. Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, Ви посакувам добро здравје, достоинствен живот и уште многу професионални успеси. Честит 1 Мај – Ден на трудот, истакнува Гашиу во честитката.

Back to top button
Close