Гаши реагира по апсењето на новинарот Фуркан Салиу: Слободата на мислата не се запира со апсење новинари

По апсењето на новинарот Фуркан Сали, реагираше и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.

Гаши на својот Фејсбук профил напиша дека насилното апсење на новинарот е лошо за демократијата и воопшто за слободата на медиумите.

„Насилното апсење на новинарот Фуркан Салиу е лош знак за демократијата, слободата на говорот и медиумите воопшто.

Осудувајќи го овој чин, барам правосудните органи што поскоро да го расветлат случајот и Фуркани да биде ослободен. Слободата на мислата не се запира со апсење новинари“, напиша Гаши.

Back to top button
Close