Гаши смета оти Пендаровски потврдил дека Ахмети барал амнестија на Груевски!
Африм Гаши, лидер на опозициската Алтернатива, смета дека претседателот Стево Пендаровски го дал одговорот на неговото прашање упатено пред неколку дена – дали првиот човек на ДУИ Али Ахмети барал амнестија на поранешниот премиер Никола Груевски?
„На нашето прво јавно прашање – дали Ахмети ги молеше, до небо, некои од меѓународната заедница, на средба во Скопје, да дозволат амнестија за Груевски, одговори Пендаровски. Ви благодариме Претседателе што ја потврдивте нашата информацијата. После ова се надевам дека редно е да одговори и тој на кого му е поставено прашањето“, напиша Гаши на Фејсбук.
Притоа, тој сподели објава на „Фокус“, откако прво објавивме дека Пендаровски бил убедуван да го помилува Груевски, по што самиот ја потврди информацијата, појаснувајќи дека за ваква можност бил консултиран пред 7-8 месеци на неформално ниво од „некои актери на политичката сцена“.
Лога бил „убедуван“ да ги потпише измените на КЗ, а Пендаровски да го помилува Груевски!
-На едно неформално ниво пред 7-8 месеци некои актери од политичката сцена ме консултираа околу таа можност (помилување на Груевски), што мислам за таа можност, и реков децидно дека тоа не би го направил никогаш, бидејќи тоа би било рушење на правната држава – рече Пендаровски.
Пендаровски потврди дека бил консултиран за помилување на Груевски: Не би го направил тоа никогаш!
Според Гаши, оваа изјава претставува одговор на неговото прашање упатено пред неколку дена, кога јавно изјави дека владина делегација била во Будимпешта и договорала лично со Груевски за кои предмети тој да биде амнестиран. Како што истакна тој, Ахмети ги молел меѓународните претставници за амнестија на Груевски.
–Владина делегација и високи преставници на Министерството за правда отишле таму и заедно со Груевски ги разгледале предметите во кои тој е осуден во отсуство и е обвинет и ги разгледувале можностите како со овие измени во Кривичниот законик тој да може да се врати во Македонија. За оние предмети за кои е осуден да се повтори судскиот процес, а за другите да се амнестира или тие едноставно да застарат – изјави Гаши.
Набргу потоа, лидерот на Алтернатива упати уште едно прашање, кое гласи: Дали имало тајна средба во Општина Сарај помеѓу Ахмети, Блерим Беџети и Сашо Мијалков за усогласување на измените на Кривичниот законик? Која е улогата на Мијалков во овие измени?“.