Гаши: За Ахмети е во ред да добива поддршка од Рама, а кога првпат престана помошта од Косово за ДУИ, тој е вознемирен

Али Ахмети е вознемирен зашто ја загубил поддршката од Косово и е во исчекување на изборен пораз, вели Африм Гаши, претседател на Алтернатива и еден од лидерите на Европски сојуз за промени, во изјава дадена за порталот МКД.мк, прашан како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ дадена во емисијата „Топ стори“ на албанската телевизија Топ Чанел – Албанија, дека косовскиот премиер Албин Курти се меша во внатрешните работи на С Македонија.

„За Ахмети е во ред премиерот на Албанија, Еди Рама, да му искажува поддршка и тоа не претставува мешање, а кога изостанува поддршката од Косово, тогаш тој е вознемирен и дава такви изјави“,вели Гаши.

Според него, Еди Рама секој ден организира настани и медиумски простор за Али Ахмети.

 

„Го прогласуваат за личност на годината и му даваат секакви епитети, така што Еди Рама е мошне вклучен и му помага колку што може и ќе продолжи да го прави истото. Исто така, 20 години наназад Али Ахмети добива безрезервна поддршка и од Косово и од Албанија. Да се потсетиме само кога Хашим Тачи (поранешен водач на УЧК, поранешен премиер и претседател на Косово, н.з.) доаѓаше на сред предизборна кампања да доделува пофалници за придонес во УЧК и тоа ‘случајно’ само на членови на ДУИ. Значи кога Косово и Албанија му помагаа на Ахмети да победува, беше во ред да се мешаат, а сега кога за првпат од Косово престана помошта за ДУИ, сега Ахмети е вознемирен зашто останал само со поддршка од Еди Рама. Јасна е само една работа, Али Ахмети е многу исплашен од пораз и од одење во опозиција, ама како што вели народот, за стравот лек нема“,изјави Гаши.

Во интервјуто за албанската телевизија Ахмети изјави дека премиерот на Косово, Албин Курти, се меша во политичката сцена на Албанците во Македонија.

Смета дека јавната поддршката на Албин Курти за претседателскиот кандидат на албанската опозиција (Алијанса за Албанците и Алтернатива) во 2019 година било мешање во политичката сцена во Македонија.

„Тој се меша во политичката сцена на Албанците, Еди Рама, не се мешаше во внатрешните работи на политичкото тело во С Македонија. Направи напори да ги приближи партиите во С Македонија, благодарен сум, благодарен за ваквиот пристап. Не сме изразиле патриотизам, ниту емотивен ниту патриотски. Се договоривме со Стево Пендаровски, со Социјалдемократскиот сојуз, му дадовме поддршка. Во театар може да се прави претстава, но знаеме дека на крајот нема победник“рече Ахмети.

Ахмети изјави дека по најавите за дејствување на Самоопределување во Македонија интерес пројави и меѓународната заедница.

„Ме ставија во многу тешка ситуација. Зошто Курти се жали кога Вучиќ има политичка активност во Косово, како објаснувате? Ме оставија без зборови“нагласи Ахмети.

Back to top button
Close