Гаши за Кастриот Реџепи: Ако тој вели дека е слободен, немаме право да кажеме нешто друго

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши, во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат, рече дека не може да се има предрасуди околу тоа дали некој го киднапирал пратеникот од Беса, Кастриот Реџепи, или не. Како што рече, „треба да му веруваме“.

„Не можеме да кажеме нешто друго од тоа што го кажа лично пратеникот. Ако вели ’сум слободен, по моја волја сум тука‘, немаме право да кажеме нешто ако тој го кажал спротивното за себе. Дали имало притисоци и така натаму, тоа е сосема друга димензија. Но, сè додека тој лично излегува и кажува што се случило, кој е неговиот став, мислам дека јавноста треба да молчи односно нема право да му противречи“,рече Гаши.

Сепак, непојавувањето на Реџепи на вчерашната седница во Собранието за гласање недоверба на владата, лидерот на Алтернатива го окфалификува како предавство.

„Ако сте дале потписи за одредена иницијатива, мислам дека треба да размислите два пати, но во моментот кога сте дале потпис мислам дека достоинството на еден пратеник треба да биде поврзано со таков процес. Затоа, мислам дека се работи за искривување, предавство би рекол од пратеник кој стави потпис, а не се појави. Од друга страна, можеме да кажеме дека имало големи притисоци врз сите пратеници, не знам дали е нормално, сакав да го наречам како нешто нормално. Нормално е секое мнозинство да го чува својот број пратеници, мнозинството, но не со недемократски форми. Затоа, мислам дека е крајно време да се ослободиме од ваквиот начин на функционирање на демократијата и да бидеме попринципиелни и поправедни пред граѓаните, себеси и пред Господ“,рече Гаши.

 

Back to top button
Close