Гаши за РСЕ: Ние од Влен го употребуваме уставното име – Република Северна Македонија. Секој функционер си носи одговорност ако не го употребува

Новиот собраниски спикер Африм Гаши во интервју за Радио Слободна Европа негира дека направил гаф. што заклетвата при преземањето на функцијата претседател на парламентот заклетвата прво ја прочитал на Албански а потоа на Македонски јазик и дека смета дека демократски да му упатуваат забелешки и преставки но сстои на ставот дека не го прекрпик уставот.

Гаши во интервјути зборува за коаллицијата со ВМРО ДОМНЕ,како ке ги усогласат партиските приоритети особено нивното ветување дека требе од преамбулата на уставот да се избрише 20 проценти за употреба на албанскиот јазик.Гапи одговара и на ветуваето дека до крајот на годинава е се случат уставните измени со впишување на бугарите во него за да се откочатевро интеграциите и за лутењето на ДУИ дека имале помалку гласви и пратеници на изборите и со тоа не се легитимни преставници на абанците и другите етники заедници а влегле во власта.Снета дека ДУИ и Ахмети не се во право кога се залагаат за мајскиот договор помеѓу Ахмети и Груевски затоа пто тикму ДУИ го прекрпиле кога иако ВМРО ДПМНЕ имале 2 пратеника повеќе Ахмети коалицирал со СДСМ.

Како Гаши мисли дека ќе успеат во евентуално отварање на уставот за внесување на бугарите да ги убедат коалиционите партнери да ги избрипат за нив како што вели навредувачки проценти.

Ние ќе се залагаме и за тоа, ако се отвори уставот, нормално и за тоа што го поставивте вие како прашање, за преформилирање на формулацијата што е навредлива за албанскиот јазик, така да ќе разговараме отворено со сите политички партии и очекуваме да имаме разбирање дека ние како албански сакаме нашиот јазик во уставот да се вика таков како што се вика, со друга формулација да биде смената. Но, ајде да видиме, да почне процедурата, да отвориме, да ја отвориме дебатата.

Имате ли некаков прелиминарен договор со вашиот иден коалиционен владејачки партнер во однос на прашањето за употребата на албанскиот јазик и процентуалността застапена во Уставот?

Се што имаме договорено, јавно и транспарентно сме го кажале.

Дали ќе ја напуштите владејачката коалиција ако до нова година,како што предходно сте најавиле во вашата програма, не се донесат уставните измени и се блокира евроинтеграцискиот пат?

Ние се обидуваме да градиме институции и да направиме влада, не да размислуваме за напуштање. Останува наш прв приоритет како држава и како претставници на политичните партии и на Албанците да се залагаме за што побрза интеграција на земјата во ЕУ.

Знаеме дека тоа сега за сега е условено со уставни измени, но и тоа е дел од дијалогот, но и од како што знаете политичкиот контекст во соседството и во меѓународната сфера.

Има избори во Европскиот Парламент во јуни, има избори во САД.

Очекуваме што побрзо да има разбирање целосно, како и сите актери, затоа што не е овој, како да кажам, билетарален спор меѓу Р.С.Македонија и Р.Бугарија.

Тука се повеќе фактори и треба сите да бидеме на масата за овој проблем да го тргнеме од таа политичка маса.

Новиот спикер за инетењето на председателката Силјановска Давкова дури и на заклетвата одбегна да го изговори уставното име на државата и дека и по жестоките реакции продолжува да го прави тоа тој вели дека Влен и тој го употребуваат уставното име и сакаат добри односи со соседите.

САД и ЕУ повикаа на почитување на меѓународните договори по заклетвата на претседателката Г. С. Давкова, која не го употреби, односно не го користи уставното име Северна Македонија, а такви најави има и од идниот премиер. Каков е вашиот став по ова прашање?

Нашиот став е дека треба да се користи уставното име на Р. С. Македонија и тоа име ќе го користиме.

Дали веќе се нарушени односите со Грција и Бугарија, со нашите соседи?

Не верувам дека се нарушени. Мислам дека треба да разговараме. Јас мислам дека и заради тоа, треба што побрзо да формираме Влада, да воспоставиме комуникација со тие држави, официјална на новата политичка гарнитура.

И со нив, исто како што ни треба внатрешен дијалог за решавање на проблемите, ни треба интензивен дијалог со соседните држави.

Ќе разговарате со вашиот коалиционен партнер во ВМРО- ДПМНЕ во однос на овие прашања по последните изјави на грчкиот премиер?

Ние сме сега во процес на, како да кажам, воспоставување, установање на новата влада. Тој процес треба да заврши и после тој дијалог ќе се врши институционално.

Секој вршител на функцијата ќе носи својата одговорност. Премиерот, Министерот за надворешни работи, Претседател на државата. Тука е, ако не е, тоа е.

Ако како претседател на Собранието, имам свој удел, ако можам да помогнам, секако јас сум на располагање и би сакал да придонесам да решиме што поголем број на проблеми, а не да создаваме проблеми.

Back to top button
Close