Гаши за случајот Груби: Тоа е работа на органите на редот

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, на новинарско прашање дали има информација каде се наоѓа поранешниот вицепремиер Артан Груби, рече дека не се занимава со таа работа.

„Се обидувам да се апстрахирам од дневна политика. Тоа е работа на органите на редот. Вчера видов една изјава на неговиот лидер дека тој знае и мислам дека треба набрзо да се повика, да се праша каде е и да се преземат мерки и да биде повикан и да дојде да одговара пред органите на редот“, рече Гаши.

За тоа кој е виновен за бегството на Груби и каде треба да се лоцира одговорноста, тој рече дека „ако ни се случува неколку пати треба да видиме што се случува“.

„За жал во трансферот на власта уште многу позиции ги држат луѓе кои припаѓаат на тие политички провиниенции, така кога ја имате информацијата, протекува, тогаш од политички аспект тоа не можете да го спречите. Ако има законски проблем, тогаш мислам дека треба да видиме, и власта треба да види каде е проблемот, да не се погрешило нешто и тие што погрешиле да одговараат“, појасни Гаши.

За оставката која ДУИ ја бара од него, Гаши изјави дека не сака навистина да дебатира со нив.

„Се обидувам да изградам еден модел на политичар кој зборува искрено и ги кажува работите такви како што се. Секој човек кој има барем основни познавања од правото ама и општи познавања, знае дека тоа е така. Кога не се понижува ништо со тоа што ја кажувате вистината, туку со тоа како некој ја оставил ситуацијата. Треба да се занимаваме со тоа зошто некој ја оставил во таа позиција, а не зошто јас сум кажал“, рече Гаши за Канал 5 Тв.

Back to top button
Close