Гаши задоволен од учеството на Алтернатива во владата

 

Партијата има значаен придонес за евроинтегративниот пат на Македонија- рече денеска претседателот Африм Гаши, 100 дена откако неговата партија влезе во владиното мнозинство. И покрај тоа што кога направи договор со поранешниот премиер Заев, Гаши изјави дека главната причина е големата шанса за датум за преговори, сега вели дека тој се обидува да помогне, но одлуката не е во рацете на една партија или Влада.

– Иако знаевме дека таквата одлука имаше висока политичка цена за нас, ние потполно свесно одлучивме да се спаси Рим, а не Цезар. Ако мислите дека излегувањето на Алтернатива ќе го забрза евроинтегративниот процес, ние сме подготвени денес да ја напуштиме Владата. -– Африм Гаши – претседател на Алтернатива .

Едно од главните барања на Гаши во договорот за влез во Владата, беше повторно отворање на судски случаи, меѓу кои и Диво насеље и Монструм. Три месеци подоцна, тој смета дека не е време сега да бараат согласност од Европската комисија за ревизија на предметите и покрај тоа што премиерот Ковачевски немал ништо против.

-Во време кога се одвива војна во Украина, таквото писмо може да не наиде на примател кој сериозно ќе го третира и на тој начин ќе одговори. Сепак, сакам јавноста да биде спокојна за оваа тема, бидејќи нема да се случат нови избори без реализација на оваа точка од нашиот договор. – Африм Гаши – претседател на Алтернатива .

На отворена седница, денеска и премиерот Ковачевски даде оценка за функционирањето на неговата Влада, за кои рече дека биле 100 дена на здравствена, економска и воена криза.. Тој најави дека во следниот период вниманието ќе биде максимално насочено на темите за економска сигурност и подобар животен стандард.

 

Back to top button
Close