Газда избркал трансродово лице од работа зашто помуабетило со ќерка му, Советот на Европа бара од пратениците да престане ова изживување
Пратениците од ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ И Алијанса за Албанците, со ретки исклучоци во своите редови, се изживуваат врз трансродовите лица кои се толку мал процент во Македонија, што не може да се измерат ни во промили, неносејќи го законот со кој ќе може да го сменат својот род во матичните броеви.
На пратениците не им е гајле дека овие луѓе живеат пеколни животи, неможејќи ни да се вработат, ни да задржат работно место, да трпат бламажи во банка, да не можат да изнајмат или не дај боже купат стан, да се прегледаат на лекар…Ни најмалку виновни, трансродовите лица се родени со еден пол, а живеат и се чувствуваат во спротивен род, согласно како ги водат хормоните. Нормално, со тоа и изгледот им е поинаков поради различниот родов идентитет од полот, што пак е изворот на сите нивни проблеми, напади и понижувања од институциите и околината.
Трансродов маж (жена со машки родов идентитет) од Скопје е избркан од работа зашто газдата го терал да носи женска кецела со логото на фирмата, иако можноста место кецела да носи маица или дуксер со тоа лого, им била дадена на колегите. Само нему не му ја дал таа алтернатива, за да се изживува и да изврши притисок да си даде отказ.
„Јас му кажав на мојот сега бивш претпоставен дека сум трансродово лице и на почетокот немаше проблем. Се додека еден ден не ги донесе двете мали деца на работа, а поголемото, на возраст од седум години не ми пријде и на невин детски јазик ме праша што ќе бидам кога ќе пораснам, дали баба или дедо. Се обидов на шега да го сменам муабетот, зашто сметам дека на толку мало детенце кое срдечно ви пристапило, човек не треба да му ги објаснува своите проблеми. Наредниот ден дојде само со ова дете. ‘Излегувај надвор!’, му се развика на детето кога влезе во просторијата кај што бев јас, како да сум чудовиште. Од тој ден, мојот претпоставен го смени односот кон мене. Почна да инсистира да ја носам кецелата во која сум како бремена жена. Истовремено, колегите можеа да не ја носат, да работат само со блузите со логото на фирмата. Ме уцени, си заминав“, е тажната приказна на ова лице.
целиот текст на СДК.мк