Газда на кафеана во Марино го претепал музичарот и му го искршил инструментот

На 03.03.2024 во 00.30 часот во СВР Скопје, К.Т.(29) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во с.Марино, скопско, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од сопственикот на објектот.

Според пријавеното, сопственикот му го оштетил и музичкиот инструмент, информира МВР.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close