Газда на куќа во Драчево сексуално вознемирувал потстанарка од Германија и и украл 3.500 евра

На 02.04.2026 во 21:00 часот во СВР Скопје К.Ј. (46) со моментално престојувалиште во Германија, а која на 11.03.2026 била во Р.С.Македонија заради административни причини, пријави дека во периодот од 17.03-31.03.2026 била полово вознемирувана од страна на Б. „Н“, наводно таксист, кај кого престојувала во изнајмена соба во куќа во населба Драчево.

Според пријавеното, Б.„Н“ во повеќе наврати ја допирал по телото, а на 31.03.2026 забележала дека од нејзиниот паричник биле одземени 3.500 евра, по што избегала од куќата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: fokus.mk 

Back to top button
Close