Газдата на „Алкон текс“ Штип ги остави работниците без плата, а сега ги префрла во друга фирма
Текстилните работнички од штипската конфекција „Алкон текс“-Штип втор ден протестираат пред фабриката, барајќи си ги неисплатените плати, но и го искжуваат и револтот од барањето на раководството да се префрлат во друга фирма на определено работно работно време.
Бисера Кафтанова од името на работничките, кои се водат вработени во „Алкон текс“, а се на принуден одмор вели дека до денес од раководството до нив не стасала никаква реакција или одговор за нивниот статус, што ги очекува или кога ќе си ја добијат својата плата и придонеси.
Од невладината „Гласен Текстилец“-Штип информираат дека работничките нема да се откажат од правата кои им следуваат од работен однос, особено неисплаќањето на плати и принуден одмор, бидејќи не бараат од работодавачот парични побарувања кој не ги заработиле туку си го бараат она што го постигнале со својот труд и посветеност во работењето.
„Источниот регион е регион каде е застапена најмногу текстилната индустрија во нашата држава, во која маката на текстилните работнички се најмногу изразени и најмалку платени. Текстилната индустрија е најслабо платена индустрија во нашата држава, а често се случува и работничките да добиваат и плата која е подминимална од законски утврдената. Жените од источниот регион најчесто се застапени во работната сила во текстилната индустрија каде прекршувањето на нивните права се во голем размер а мобингот и родовата дискриминација се секојдневие“, стои во писменото соопштение од „Гласен Текстилец“-Штип.
Посочуваат дека како „Гласен Текстилец“ ќе продолжат да ги поддржуваат работничките од текстилната индустрија во остварувањето на нивните права. Правото на работа и на сооедна заработувачка е уставно загантирано право на секој вработен и не исплаќањето на плати и придонеси на плати претставува удар по егзистенцијата на работниците и на нивните семејства.
Поддршка на денешниот протест дадоа претставници од Хелсиншки комитет за човекови права, а вчера и Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија