Газдата на Нептун, Груби го оставил во Тирана: Екс вицепремиерот се крие во Хамалај?

Бизнисменот и почесен конзул на Косово, Арсим Папранику, во полиција дал исказ дека на 15 декември го одвезол поранешниот вицепремиер Артан Груби до Тирана, каде пиеле кафе и го оставил во хотел близу стадионот, пишува „Фокус“ повикувајќи се на полициски извори и извори од владата.

Порталот пишува дека дел од членовите на владата и одредени институции располагаат со неофицијални информации дека Груби престојува покрај Јадранско Море, близу Драч. Поточно, според соговорниците на порталот во местото Хамалај каде што престојува во објект кој официјално не е во негова сопственост.

Откако се врати во земјава преку граничниот премин „Ќафасан“, Папранику беше повикан во полициска станица на разговор, каде што, покрај останатото, рекол дека не знаел дека Груби се бара од страна на институциите. Тој е недостапен за органите на прогонот од 15 декемеври. Судот му одреди притвор од 30 дена. За негово пронаоѓање е распишана и меѓународна потерница.

Официјално, Груби на 15  декември заминува од Македонија кон Косово преку граничниот премин „Блаце“, иако е ставен на „стоп-листа“ по наредба од јавен обвинител. Тој бил во друштво на бизнисменот и почесен конзул на Косово Арсим Папранику. Меѓу другото, Внатрешната контрола при МВР утврдила дека полицискиот службеник ги завел Груби и Папранику дека пешки ја минале границата, не го евидентирал возилото и не почекал системот да јави дали има активна мерка.

Полицаецот подоцна е суспендиран, а мерка има и за неговиот раководител.

Back to top button
Close