Ген-секот на Скопје е познат насилник, а еднаш е фатен со „хеклер“, тврди ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение обвини дека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и премиерот Димитар Ковачевски се обиделе да скријат дека генералниот секретар на Град Скопје извршил семејно насилство.

„Спасовски и Ковачевски залудно се обидоа да го сокријат новиот скандал, во врска со генералниот секретар на Град Скопје Зоран Глигоров, кој беше пријавен за ново семејно насилство од страна на неговото семејство, а МВР не ја извести јавноста за тоа“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според пријаватата од неговата сопруга, тврди партијата, во раните утрински часови, на 17 декември, полицијата пристигнала во неговиот дом, каде биле затекнати видно вознемирени и исплашени, членовите на неговото семејство. Сопругата на Глигоров изјавила дека на ситуацијата и претходела вербална расправија со Глигоров, а исто така посочила, дека тој поседува огнено оружје со кое се заканувал дека ќе си го одземе животот.

„Драмата не завршила тука, генералниот секретар на Арсовска, продолжил со своето лудило, при што рекол дека е спремен да се фрли од балконот од својот дом. На Глигоров вакви случки, не му се случуваат прв пат, тој е пријавен за семејно насилство врз Л.Г. во 2007 година и во 2017 година а, тогаш кај него билo најденo огнено оружје „хеклер“.

Ова се кадрите на Арсовска, со кои го раководи градот Скопје, семејни насилници и лица со дискутабилна психичка состојба.

Очигледно е дека, овој случај се обиде да го скрие МВР на Спасовски и Ковачевски, бидејќи тие заедно со Данела Арсовска, веќе подолг период се во коалиција во Град Скопје, па биле приморани, да го заташкаат овој случај. Тоа нема да им помине“, се наведува во партиското соопштение.

Back to top button
Close