Генчовска: Бугарија нема да ја премести својата амбасада од Киев

Министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска за бТВ изјави дека нејзината земја во оваа фаза нема да ја премести амбасадата од Киев.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Генчовска, на веб-страницата на Министерството се пријавиле 83 бугарски државјани во Украина, а шест од нив изразиле желба да бидат евакуирани надвор од земјата.

Таа истакна дека Бугарија е целосно на страната на Украина.

Генчовска додаде дека е подготвена да ја посети Москва и рече дека треба да има две страни во дијалогот. Таа потврди дека ќе ја посети Украина, нагласувајќи дека Бугарија е подг отвена да реагира на секакви сценарија. н

Back to top button
Close