Генчовска го поканила Османи на состанок во Банско, тој не прифатил

Во екот на големите протести во Македонија против францускиот предлог бугарското министерство за надворешни работи во петокот упатило покана до нашето МНР да се одржи средба на Мешовитата меѓувладина комисија нудејќи три датуми – 9, 10 или 11 јули. Местото на средбата требало да биде познатиот туристички центар Банско во Пиринска Македонија.

Според соопштението на бугарското МНР, преку таа покана се повикувал министерот за надворешни работи, Бујар Османи, за тој и неговата колешка Теодора Генчовска да се сретнат  во Банско според чл. 12 од Договорот за добрососедство.

„На претстојниот состанок на оваа заедничка комисија треба да се разгледа имплементацијата на билатералната спогодба за изминатиот период и да се усвојат мерки за подобрување на билатералната соработка во сите сектори“, пишува во соопштението на бугарското МНР.

Како што се дознава, Османи одговорил дека не е време за ваква средба, затоа што бил фокусиран на процесот што започна во македонското Собрание околу францускиот предлог.

Во многу нешта, ваквиот предлог е несоодветен, затоа што ваква нова средба во овој критичен момент околу францускиот предлог заминувањето во Банско целосно би ја зоврело ситуацијата во Македонија.

 

Back to top button
Close