Генчовска и Николов оставките ќе ги поднесат во понеделник
Двајцата министри на партијата „Има таков народ“ (надворешни работи и енергетика), која пред неколку дена беше дел од бугарската владејачка коалиција, во понеделник ќе поднесат оставки од функциите, откако лидерот на партијата, Слави Трифонов, најави дека ги повлекува своите министри од владата.
Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во Варна изјави дека во понеделник ќе поднесе оставка, согласно одлуката на ИТН