Генчовска: Петков му ветил на Вархеји дека ќе го укине ветото за Македонија

Бугарскиот премиерот Кирил Петков вети дека ќе го укине ветото за старт на преговорите на Република Северна Македонија со ЕУ до крајот на француското претседателство за време на негова средба со еврокомесарот Оливер Вархеји, изјави денеска министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска пред пратениците во бугарското Собрание.

– Тоа беше на мојата прва средба со еврокомесарот Оливер Вархеји. На состанокот присуствуваа седум-осум луѓе од тимот на МНР и како и на сите состаноци, од оваа средба беше подготвен меморандум. Овој меморандум е отворен и го потврдува токму тоа што вие го поставивте во вашето прашање, изјави Генчовска во одговор на прашање на пратеникот и лидерот на националистичката партија Преродба, Костадин Костадинов

Back to top button
Close