Генчовска: Прво Бугарите да влезат во македонскиот Устав, па потоа преговори со Унијата

Таа со оваа позиција ќе го запознае и еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи на нивната средба денес.

Запишувањето на бугарското малцинство во македонскиот Устав е услов кој земјава мора да ги исполни пред да започне преговори за членство во Европска Унија. Овој став денеска во изјава за медиумите, пред почетокот на форумот „ЕУ и Балканот“, го потврди министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска.

Tаа појасни дека ваквиот услов за Македонија е утврден во декларацијата на Народното собрание и во решенијата на Консултативниот совет за национална сигурност

Back to top button
Close