Генчовска: Со заеднички напори граѓаните на Северна Македонија ќе стигнат во ЕУ

Бугарија е државата која најсилно ја поддржува европската интеграција на Република Северна Македонија и Албанија. Им посакуваме успех на патот по кој долго време сакаа да тргнат. Се надевам дека со заеднички напори и со нашата поддршка ќе стигнат онаму каде што граѓаните на Северна Македонија најмногу сакаат да стигнат, а тоа е членството во ЕУ, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска по потпишувањето на билатералниот протокол во Софија.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи изрази надеж дека од денеска се отвора ново поглајве во односите меѓу двете држави.

– За нас е историска можност што после 17 години кандидатски статус, Република Северна Македонија добива можност да ги почне преговорите уште задутре со ЕУ, со што почнува последната фаза од нашето пристапување во ЕУ. Се надеваме дека билатералниот процес со Бугарија и пристапните преговори ќе овозможат поблиска соработка меѓу нашите две држави. Очекуваме поддршка од Бугарија на овој пат, изјави Османи по потпишувањето на Протоколот.

Двајцата министри оценија дека е постигнат напредок во работата на петте секториски групи и она што треба да се направи е тоа да се преточи во пракса.

Експертите од Министерството за надворешни работи на Бугарија продолжуваат да работат со експертските групи од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

– Се гледа дека сите кои беа вклучени максимално се вложиле за да има проекти, меморандуми со кои односите меѓу нашите две држави отвараат ново поглавје. Во сите сектори ќе се поврзуваат луѓето и институциите со цел соработката да биде поблиска, заснована на меѓусебна доверба, рече Османи.

Пред потпишувањето на Протоколот беше одржан вториот состанок на заедничката меѓувладина комисија со која копретседаваа министрите Османи и Генчовска.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера предлог-преговарачката рамка на француското претседателство со ЕУ беше одобрна од страна на Владата, по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание по Информацијата по овој документ.

Back to top button
Close