Генерал Ѓурчиновски до Ковачки: Биди среќен што не си ја изгубил работата

Началникот на генералштабот Васко Ѓурчиновски изрази остра осуда заканите кои неговиот потчинет, полковникот Драган Ковачки  ги упати кон него и потенцираше дека тоа е недозволиво за Армија во која има ред, субординација и хиерархија.

– Јас како началник нема да дозволам по никаква цена Армијата да биде втурната во било какви партиски пресметки и настани. Горд сум што ја предводам Армијата на Република Северна Македонија која има највисок рејтинг во општеството и секако ќе продолжам да ги спроведувам обврските и задолженијата, како патриотски долг и како обврска кон граѓаните и кон земјата. Апсолутно нема да толерирам такви однесувања на било кого и од било кого оправдани и поддржани. Ја користам оваа прилика да повикам темелна анализа да направат сите кои сметаат поинаку или го оправдуваат или го поддржуваат конкретното лице –  рече Ѓурчиновски.

Генералот Ѓурчиновски упати порака до Ковачки дека треба да биде среќен што не ја загубил работата и му препорача да се пронајде во системот каде што функционираат јасни и конкретни принципи.

Back to top button
Close