Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид во Скопје

Генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмид на покана на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, средбата со генералната секретарка, Шмид e во насока на продолжување на консултациите за подготовка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година. На средбата се очекува да се разменат мислења за прашања од заемен интерес.

По средбата Османи и Шмид ќе одржат заедничка прес конференција.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close