Генералниот секретар на Арсовска од 1 октомври ќе стане нов директор на Водовод
Од 1 октомври, ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нов директор. На местото на досегашниот прв човек Драган Илиевски ќе седне актуелниот генерален секретар на Град Скопје и десна рака на Данела Арсовска, Зоран Глигоров, пренесува „Фокус“.
Според нашите информации, и во самата институција веќе на големо се зборува за неговото доаѓање, односно остануваат уште неколку денови за да ја заземе директорската позиција.