Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пристигна во Скопје

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пристигна во Скопје, а добре дојде на Меѓународниот аеродром во Скопје му посака министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Министерката Петровска на аеродромот во Скопје го пречека генералниот секретар на НАТО

„Добре дојдовте во Северна Македонија, посветен и докажан сојузник во Алијансата. Почестени сме што во македонскиот главен град ќе се реализира заедничката средба со лидерите на Северна Македонија и сојузниците – Албанија, Хрватска, Црна Гора и Словенија. Тоа покажува дека НАТО ја цени улогата на Северна Македонија како сојузник и важен столб стабилност во Западниот Балкан“,

рече министерката по пречекот на генералниот секретар на НАТО, соопшти Министерството за одбрана.

Премиерот Димитар Ковачевски пред Владата на Столтенберг му организира официјален пречек.

По церемонијата на пречекот е предвидена тет-а-тет средба со премиерот Ковачевски, по што ќе следува билатерална средба на двете делегации.

Во составот на македонската делегација ќе бидат министерката за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и амбасадорот на Северна Македонија во НАТО, Дане Талески.

Ова е прва посета на генералниот секретар на НАТО на Северна Македонија откако државата е полноправна членка на НАТО. Посетата на Столтенберг е во рамките на неговата четиридневна посета на Западниот Балкан.

Back to top button
Close