Генералот вели дека требе да остане директор на ЦУК оти мечките се будат од зимскиот сон

 

Претседателот на Достоинство, Стојанче Ангелов смета дека треба да остане на директоркската функција бидејќи државата се наоѓа во специфична ситуација.

-Талат Џафери е технички премиер. Во овој момнет најголема партија е СДСМ. Ние до пред неколку дена бевме во коалиција со СДСМ. Мое убедување и убедување на СДСМ е дека треба да останам. Го разбирам и Талат Џафери и тој се наоѓа во непријатна ситуација затоа што претходно се разрешија министри од крилото на Тавари. Мој став е да останам до крај и да ја послушам сугестијата од врвот на СДСМ. Јас се трудам да бидам искрен, јас не фрлам со дрва и камења по моите коалициски партнери. Мечките се будат од зимски сон, доаѓа сезона на пожари, поплави. Јас сум член на НАТО комитетот. Ако не одам во Вашингтон ќе имаме непроценливи штети, изјави Ангелов во вечерашната емисија Клан дебата со Љубиша Николовски

Ангелов повтори дека тој е одговорна личност и дека му било кажано од Ковачевски да остане на позицијата директор.

-Имам дозвола од Миле Зечевиќ кој ми кажа седи таму, државата е во прашање. Мислите дека сакам да останам во ЦУК да работам? Во канцеларијата имам само две цвеќиња, а кога ќе си одам ќе викнам жива музика и ќе фрлам камен, рече Ангелов.

 

Back to top button
Close