Георгиески: Уривањето на дивоградби ќе продолжи после туристичката сезона
Усогласување на деталните урбанистички планови и отстранување на дивоградбите ќе бидат следните чекори за зачувување на Статусот на Охрид, вели охридскиот градоначалник, Константин Георгиевски доколку државата добие дополнителен рок од две години за да ги исполни препораките од УНЕСКО и да избегне поместување на Листата на светски богатства во опасност.
„Доколку Охридскиот регион биде ставен на листата тоа ќе значи дека ќе ги дуплираме нашите напори за имплементација на препораките на УНИСКО, секако одлуката ќе ја почитуваме. Доколку пак, добиеме екстра две години за имплементација на препораките, тогаш ќе продолжиме уште по одговорно, уште порешително да ги имплементираме сите препораки и зададени задачи“,
рече Георгиески.
Георгиески рече дека ако Охридскиот регион биде ставен на Листата на светски богатства во опасност, тоа ќе биде резултат на 30 години негрижа и лошо менаџирање.
„Едноставно е невозможно преку ноќ тие состојби да ги исправиме. Но, значително се поместени работите од мртва точка. Планот за управување е донесен, се усогласуваат урбанистичките планови, се отстрануваат дивоградби, почнува да се менаџира соодветно просторот..“,
рече Георгиески.
Градоначалникот рече дека уривањето на дивоградби ќе продолжи после завршувањето на летната туристичката сезона. Тој апелираше граѓаните да престанат со безправно градење, а оние кои имаат решенија за отстранување на дивоградби сами да ги срушат дивоизградените објекти.
„Ние покажавме решителност дека не се двоумиме во рушењето на дивоградбите. Апелирам до граѓаните да престанат со дива градба и тие што имаат решенија за отстранување на дивоградби, бидејќи покажавме дека нема селективност“,
рече градоначалникот.