Георгиев: Нема план „Б“ за Скопје на патот кон ЕУ

Нема план „Б“ за Република Северна Македонија за исполнување на преговарачката рамка. Постои само еден план – промена на уставот, исполнување на критериумите за кластерите, за да може процесот да се движи напред, како што е утврдено во консензусот од 2022 година, изјави министерот за надворешни работи на Бугарија Георг Георгиев по денешната седница на бугарскиот парламент на која со големо мнозинство беше усвоена резолуција за напредокот на С Македонија на патот кон Европската Унија.

– Нема да се откажеме од фактот дека критериумите мора да се почитуваат. Бугарија нема билатерален проблем. Ако Скопјe има нешто што треба да го изрази како барање, тоа е пред Брисел и сите земји-членки на ЕУ, рече Георгиев.

Бугарија, како што посочи, „нема да престане да повторува дека почитувањето на европските барања е она што е потребно за да се постигне напредок и дека критериумите за членство утврдени во консензусот од 2022 година меѓу ЕУ и сите нејзини земји-членки од една страна и  РС Македонија мора да бидат исполнети за да може земјата да продолжи напред во својот процес на европска интеграција“.

– Бугарија ќе продолжи да се придржува до договорот од 2022 година и нема да отстапи ниту еден сантиметар од него, рече шефот на бугарската дипломатија

Back to top button
Close