Георгиев: Силјановска Давкова има донација од 320 000 евра од физички лица, Таравари 8500 евра, Ванковска 17 000 евра, а Јакимовски околу 2500 евра

Поранешниот антикорупционер од претходниот состав на Антикорупциската комисија, Владимир Георгиев во гостување на ТВ24 вели дека после секои избори што биле спроведувани, изготвувале посебни извештаји за можните состојби и злоупотреби во делот на финансирањето на изборните кампањи, како и донациите во изборната кампања.

Што се однесува до донациите, како што соопшти Георгиев, Силјановска Давкова има 320 000 евра од 525 физички лица, Таравари 8500 евра, Ванковска 17 000 евра, а Јакимовски околу 2500 евра, а останатите тројца кандидати немаат.

 

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber

„Целта е да се подобри регулативата, а со тоа и практиката и во следењето на изборните регуларности и во постапките на ДИК. Ние како државна комисија за спречување на корупцијата ја имаме превентивната улога да ги детектираме овие ризици и да делува во таа насока. И пред да бидам член на Комисијата и како обичен граѓанин има премногу ветувања, но праксата не научи дека ништо не се менува. Изборната кампања почнува 20 дена пред избори. И порано од тој период кадешто се забранува за промовирање на објекти, партиите го прават тоа, објекти што се во тек на градба, се ветуваат идни проекти. Политичарите се во контиунирана кампања од пред денот на распишување на изборите. Имаме контиуниран притисок врз граѓаните со разни ветувања со крајна цел да се влијае врз нивното гласање. Имаме и објавување на огласи за вработување среде избори и тие се ставаат во мирување“, вели Георгиев

Back to top button
Close