Георгиев: Светот минува низ темелно престројување, Трамп е моторот
„Прилично површно ги гледаме работите. Како, условно кажано, да седиме со пуканки пред телевизор и гледаме што ќе се случи следниот ден“, вели Георгиев.
Според него, првата или големата причина е природата на капитализмот или неолибералниот изданок на капитализмот.
„Тој создаде огромни разлики во профитите, создаде огромни дискрепанци. На бранот на тој капитализам ни се случи една глобализација во последните 30-40 години која што дополнително го акцелерираше тоа, пред сè зборувам за економско-финансискиот глобализам кој што не е умрен. Со оваа изолација што ја кажуваме дека „Америка на прво место“ и сака Трамп да ја изолира од светот. Нема да умре, бидејќи Трамп е еден од носителите на глобализмот и еден од луѓето и лично кои што профитирале од тој глобализам“, смета Георгиев.
Третата работа, според Георгиев, е дека потребата за доминација и моќ во светот, каков што е поставен, сè уште постои.
„Големите држави особено, па и помали, го сметаат светот за претесен, сметаат дека има премногу непријатели околу и цело време сме во некоја перманентна битка, не само за задолжување, туку да видиме и до каде може да се простира нашата моќ и имагинација во таа моќ. Неверојатно е дека ни се случува Украина во 2025 година, неверојатно е дека Газа ни се случува, бидејќи од друга страна имаме толку културолошко-општествени придобивки од богатство, богати народи, богати држави, итн. до овие индивидуални права кои без малку до вчера, пред да постои Трамп, цветаа во либералниот свет“, вели Георгиев.