Георгиевска: Како Мицкоски ќе правеше влада кога не беше носител на листа  

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на денешната собраниска седница за избор на нова влада го оспоруваат легитимитетот на мандатарот Димитар Ковачевски да состави нова влада, бидејќи, како што велат, не истрчал на избори за да добие доверба од народот, додека неговата СДСМ загубила на последните локални избори.

-Мандатарот Димитар Ковачевски не учестувал на избори, не ја побарал довербата и нема глас од ниту еден граѓанин и затоа го нема народниот легитимитет – рече Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ.

Нејзе и реплицираше Марија Георгиевска од СДСМ, која порача дека СДСМ и другите партнери имаат легитимитет да ја водат државата, бидејќи добиле поддршка од граѓаните на последните парламентарни избори. Во контранапад, таа праша дали Христијан Мицкоски би имал легитимитет да состави влада ако победел на изборите?

-На парламентарните избори, Мицкоски не беше носител на листа и кандидат за пратеник па дали ќе имаше легитимитетот да прави влада ако ВМРО-ДПМНЕ и неговата коалиција победеше? – праша Георгиевска

 

 

Back to top button
Close