Георгиевска: Со навремени мерки го штитиме стандардот, граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од залихи

Пратеничка на СДСМ Марија Георгиевска на денешната прес-конференција изјави дека со „издржани и навремени мерки го штитиме стандардот на граѓаните од ценовните шокови како последица на глобалната енергетска криза“.

Во оваа насока, ограничени се маржите во трговијата на основните продукти на 10 отсто на мало и на пет отсто на трговијата на големо. Претходно, цените на овие производи беа замрзнати. Граѓаните да бидат спокојни, нема потреба од правење залихи. Основните производи и сите останати артикли ги има и ќе ги има во доволна количина, а нивната цена нема да се зголеми драстично, вели таа.

Според неа нема потреба од паника,  бидејќи стокови резерви со храна и нафтени деривати има доволно, а тие внимателно ја следат ситацијата и доколку има потреба ќе интервенираат.

Во моментот нема потреба од тоа, имајќи предвид и дека производителите на овие основни производи имаат залихи за период над 1 месец, не вклучувајќи ги деновите кои може да се покријат преку државните резерви. Владата и институциите предводени од СДСМ во континуитет, постојано преземаат конкретни мерки кои го штитат и унапредуваат стандардот на граѓаните, додава таа.

Георгиевска вели дека Владата предводена од СДСМ им помага на домаќинствата и во справување со зголемувањето на цената на електричната енергија.

Намалено е ДДВ за струјатата од 18 на 5%, рестарирани се сите капацитети и нема увоз на скапа струја, државата ги сибвенционира граѓаните со што спречивме големо покачување на струјата. Скоро 7.500 семејства добиваат субвенции за сметките за електрична енергија, а се подготвува и нов пакет мерки за помош на граѓаните и стопанството, додава таа.

Новонастанатата ситуација со војната во Украина и последиците од неа врз глобалната економија, се следи внимателно и навремено се реагира, со издржани и реални мерки, и што е многу важно врз основа на претходно направени анализи за ефектите и финансиските импликации, изјави Георгиевска.

Владата веќе подготвува обемен пакет за помош на граѓаните и економијата, врз основа на анализи и тие издржани и реални мерки ќе се најдат наскоро

Back to top button
Close