Георгиевски: Денес е денот во кој македонските одроди бараат предавници за да си го покријат предавството

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски на својот Фејсбук профил сподели дека денес е денот на Мара Бунева и одбележувањето на 98-годишнината од нејзината смрт. Според него, денес е денот во кој, како што вели, „вистинските Македонци оддаваат почит“.

Mass Image Compressor Compressed this image. https://sourceforge.net/projects/icompress/

-Ден во кој македонските одроди бараат предавници за да си го покријат своето предавство, стои во објавата на Георгиевски.

Револуционерката Мара Бунева родена е во 1902 година во Тетово, а на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ на кејот на Вардар во Скопје. По атентатот, Бунева самата се застрелала, а на повредите им подлегнала ден подоцна.

Во јануари 2002 година, македонски граѓани со бугарско национално чувство и симпатизери на Здружението „Радко“ ја обновиле спомен-плочата на Бунева. Чествувањето на овој настан било искористено за претставување на нивните бугарски чувства, бидејќи, како што велат, Бунева била славена како бугарска револуционерка.

Меѓутоа сета таа активност предизвикала силно негативно расположение меѓу македонските граѓани, кој поставувањето на спомен-плочата го почувствувале како провокација кон постоењето на македонскиот народ и македонската самобитност. Набргу по поставувањето на првата спомен-плоча таа била отранета од непознати лица. Сите случувања поврзани со спомен-плочата на Бунева биле искористени од страна на бугарската десничарска партија ВМРО-БНД за презенатција на нивната кауза – „обединувањето на Бугарија“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close