Георгиевски: Важно е сите кои сме се излекувале од коронавирус да даруваме крвна плазма

Градоначалникот на скопската општина Гази Баба, Борис Георгиевски кој беше заразен со ковид-19, по оздравувањето, сега донира крвна плазма.

„Многу сум среќен што на Институтот за трансфузиона медицина го исполнувам ветувањето кое си го дадов уште додека се лекував, дека штом оздравам и ми дозволат лекарите, ќе дарувам крв за да дадам шанса за успешно лекување на заболените од коронавирусот, како што и јас ја добив таа можност, за што сум бескрајно благодарен!“,вели Георгиевски.

Тој апелира до сите кои го пребродиле коронавирусот, да им дадат шанса за лекување на заразените со донирање на крвна плазма.

„Од големо значење е сите кои сме се излекувале од оваа инфекција да даруваме крвна плазма. Дарувањето значи можност за многу наши сограѓани полесно да се изборат со ковид-19. Крвната плазма на лицата кои се излекувани содржи антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста, а го намалува неговото дејство, односно ја намалува и прогресијата на коронавирусот.Затоа, Ве охрабрувам сите кои што успеавте да се изборите со болеста, донирајте крвна плазма, затоа што нема поубаво чувство од тоа дека придонесуваме да се спаси човечки живот!“додава Георгиевски.

Back to top button
Close