Георгиевски: Во 2001 бев подготвен само за надворешна употреба да го сменам името во Северна Македонија

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во „Клик Плус“ на ТВ21 открива интересни детали од минатото во Македонија. Откри дека тогашната партија СДСМ, организирала протести против менување на името во Северна Македонија, кое било идеја токму на Георгиевски.

„Јас бев подготвен тогаш, и внимавајте, тогаш ќе беше само за надворешна употреба. И требаше само со БЈРМ, да се замени со Северна Македонија. Северна или Горна, уште не беше дефинирано од грчка страна“, вели Георгиевски.

Back to top button
Close