Георгиевски: Живеете во фатаморгана и пилињата знаат дека Царство на Самоил се вика Бугарија
Претседателот на ВМРО-Народна партија Љубчо Георгиевски и поранешен премиер, во емисијата „24 Отворено“ на ТВ 24 Вести тврди дека македонизам не постои во 9-ти век.
„Ние измислуваме приказни кои не постојат. Кој народ што зборувате? Ние со секоја лага градиме македонска историја. Пилињата, а не професор по историја знае дека државата на цар Самоил се викала Бугарија“, рече Георгиевски.
Георгиевски рече дека македонската историја е заснована на фантастични приказни и лаги и вели дека живееме во фатаморгана.