Герџиков: Ја постигнавме основната цел

Независниот кандидат за претседател на Бугарија, поддржан од ГЕРБ, професор Анастас Герџиков изјави дека ја постигнала главната цел, да има втор круг на претседателските избори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Герџиков истакна дека втората цел да се намали голема разлика со двоецот Радев – Јотова од почетокот на кампањата.

– Разлика од 30 проценти што беше голема, сега е помала и се надеваме дека следната недела ќе се израмниме, посочи Герџиков.

Тој додаде дека за бугарските граѓани, победници ќе бидат оние кои ќе успеат да состават нова бугарска влада.

Герџиков ги повика лидерите на политичките сили да вложат максимални напори за формирање на влада.

Back to top button
Close