Герџиков: Гласав за единство на нацијата

 Важно е да се гласа, бидејќи така ќе се врати довербата во институциите и ќе се запре поделеноста и напнатоста во општеството, рече независниот кандидат за претседател на Бугарија, предложен од иницијативен комитет и поддржан од коалицијата ГЕРБ-СДС, проф. Анастас Герџиков, откако гласаше денеска.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Герџиков рече дека гласал „за единство на нацијата и за надминување на сите кризи кои во последно време се намножија во внатрешната, економската и надворешната политика во Бугарија”. Тој ги повика бугарските граѓани да гласаат.

Герџиков го обвини привремениот министер за надворешни работи на Бугарија, Бојко Рашков дека и денеска се обидел да инсинуира како гласале граѓаните и додаде дека сите „приказни за масовно гласање во Турција се побиени

Back to top button
Close