Герџиков по поразот на изборите: Во корист на Радев работеше цел државен апарат

Честитки за победниците. Се надевам дека нивните ветувања ќе се остварат, а не моите предвидувања. Се кандидиравме затоа што мислевме дека има начин да се надмине поделеноста, а најмногу затоа што бевме загрижени дека демократијата е во опасност, изјави претседателскиот кандидат, Анастас Герџиков, по поразот на вториот круг од изборите во Бугарија.

Герџиков рече и дека целиот државен апарат работел за изборната кампања на Румен Радев.

„Не спречија неколку работи. Прво, нашите ривали 40 дена само повторуваа дека сме поврзани со одредени луѓе и одредени партии, што не е вистина. За актуелниот претседател работеше и целиот државен апарат. Репресијата на министерствата за моќ беше во корист на шефот на државата. Министерот за внатрешни работи дејствуваше како негов шеф на кабинет“,рече Герџиков.

Back to top button
Close