Герапетритис: Грција го поддржува меѓународното право и Договорот од Преспа

Основен принцип на меѓународното право е почитувањето на договорите. Грција доследно го поддржува меѓународното право и го почитува Договорот како ратификуван меѓународен договор. Истото го бараме и од Северна Македонија, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкиот весник „Етникос Кирикс“ што се издава во САД.

Герапетритис рече дека „неодамнешните изјави на претседателката и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го поткопуваат Договорот од Преспа, кој без исклучок ги обврзува сите раководства на Северна Македонија“.

-Ја истакнавме обврската на Северна Македонија целосно да се усогласи со Договорот од Преспа и уставното име на земјата и на сите меѓународни форуми ја претставивме потребата од негово доследно и добронамерно спроведување, рече шефот на грчката дипломатија.

Дополнително, ја потсети позицијата на актуелната грчка Влада, како опозиција, кога, како што рече „навреме укажа на правните и техничките проблеми во Договорот од Преспа

Back to top button
Close