Герасимовски доби поддршка за втор мандат од признатиот офталмолог д-р Христијан Дума

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера на својата официјална Фејсбук страница објави дека добил поддршка за втор градоначалнички мандат од еден од најистакнатите офталмолози во земјата, д-р Христијан Дума, поранешен директор на Универзитетската клиника за очни болести.

Д-р Дума е признат експерт кој со децении се грижи за здравјето на граѓаните и претставува голем авторитет во областа на офталмологијата.

Во објавата, Герасимовски изрази благодарност за довербата и поддршката од својот пријател, истакнувајќи дека му значи особено многу бидејќи доаѓа од човек кој секојдневно помага и се грижи за нашите сограѓани.

Средбата се одржа по повод Светскиот ден на видот, при што двајцата разговарале за можностите и иницијативите што општината може да ги преземе во насока на унапредување на здравствената заштита. Герасимовски го информирал д-р Дума дека Општина Центар веќе спроведува бесплатни офталмолошки прегледи за децата во градинките, проект кој ќе продолжи и ќе се прошири во неговиот втор мандат.

Back to top button
Close