Герасимовски и Кристина Арнаудова: Во сабота заеднички ги пееме најголемите музички хитови, ве чекаме во 19.30 часот во Паркот на франкофонија

Герасимовски и Кристина Арнаудова: Во сабота заеднички ги пееме најголемите музички хитови, ве чекаме во 19.30 часот во Паркот на франкофонија

Градоначалникот Горан Герасимовски и македонската музичарка Кристина Арнаудова ги повикуваат сите скопјани во сабота да дојдат на големиот музички спектакл што го организира Општина Центар во Паркот на франкофонија.

„Навистина одамна се немаме видено, затоа на 13-ти септември ве чекам сите во Паркот на франкофонија во Скопје кадешто Општина Центар го организира третиот по ред настан „Нешто што ќе остане”. Се гледаме таму, ве чекам да пееме заедно и да си поминеме најубаво”, истакнува Арнаудова.

Герасимовски потенцира дека во сабота, сите граѓани кои се во Скопје ќе можат да уживаат во добра македонска музика со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 Бона”.

„И оваа година, заеднички ќе се дружиме и ќе ги пееме најголемите музички хитови на нашите естрадни уметници. „Нешто што ќе остане” е музички хепенинг којшто станува традиција поддржувајќи ги македонските изведувачи. Ве чекам сите на добра журка”, вели Герасимовски.

Настанот „Нешто што ќе остане” е бесплатен за сите граѓани, и истиот е во организација на Општина Центар

Back to top button
Close