Герасимовски: Легендата продолжува да живее. Ќе ја вратиме гордоста на Работнички

На премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“ одржана синоќа во Скопје, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски најави враќање на клубот на победничките патеки.

-Легендата продолжува да живее! Се враќаме на гордоста, на спомените, на победничкиот дух што „Работнички“ го носи со себе уште од првиот ден. Горд сум што дадов поддршка за реализација на овој филм. Го враќаме чаламот на Работнички, со нова сала и многу победи, изјави Герасимовски.

Документарниот филм е во продукција на „Слобода филм“. Во него се зборува за историјата, за успесите и за сите оние кои никогаш не се откажаа од Работнички, без разлика на времињата, резултатите или предизвиците.

Филм е финансиски поддржан од општина Центар.

На промоцијата присуствуваа познати кошаркарски имиња, спортски работници, новинари: Александар Књазев, Митко Луковски, Драган Радосављевиќ, Рики Ѓорчевски, Томче Димишковски, Огнен Герасимовски, Горан Веселиновски, Стојан Ѓуровски

Back to top button
Close