Герасимовски на кафе со противкандидатите

Новоизбраниот градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски ги покани на кафе неговите противкандидати од изборите, со кои разговараа за развојот на општина Центар и приоритетните проекти.

-Мило ми е што моите противкандидати ја прифатија поканата за неформално дружење на која разговаравме за општината и приоритетните проекти кои треба да ги реализираме. Сите ние имаме свои ставови и различни гледишта на работите и тоа го ценам, затоа ми е важно секое мислење и идеја, изјави Герасимовски.

Тој најави дека општината ќе биде отворена за граѓаните и тој ќе ги прифати, разработи и реализира сите проекти што се во интерес на граѓаните и го подобруваат животот во Центар.

Back to top button
Close