Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва: Очекувам нивен придонес во развојот на Центар


Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, го почна вториот градоначалнички мандат на средба со противкандидатките од изборната трка – независната Билјана Ивановска и Марија Среброва од Левица. На поканата не се одѕвал неговиот противкандидат од вториот круг Мирослав Лабудовиќ поради работни обврски.

Горан Герасимовски на средба со Билјана Ивановска и Марија Среброва

Во објавата на Фејсбук на која информира за средбата, Герасимовски посочи дека се дискутирало за сите важни теми, како и идеите и предлозите на неговите две противкандидатки од локалните избори.

„Со оглед на нивните искуства, Среброва како советник во Советот на Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, очекувам нивен придонес во развојот на нашата општина. Се надевам дека оваа отворена и искрена комуникација ќе продолжи и во иднина, со цел да создадеме заеднички решенија за подобар Центар“,пишува Герасимовски на Фејсбук.

Во вториот круг од локалните избори Горан Герасимовски од СДСМ беше реизбран за градоначалник на Центар со освоени 11 108 гласови, наспроти неговиот противкандидат од ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, кој доби 7 987 гласа.

Back to top button
Close