Герасимовски: По барање на граѓаните, ќе има измена на идејното решение за улицата „Мирослав Крлежа“
Улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало ќе претрпи измени во проектната документација по барање на жителите, соопштија општинските власти, откако вчера во салата на Советот жителите остварија средба со градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Како што соопштија од Општината, жителите на средбата го погледнале и го дискутирале идејниот проект.
Градоначалниокот Герасимовски посочил дека Општината има поднесено известување до ЈП „Градски паркинг“, дека на улицата „Мирослав Крлежа“ во тек е постапка за реконструкција, поради што треба да биде ослободена од поставените знаци на тротоарските површини и по реконструкција, таа ќе стане резидентна за станарите. Вакво барање е поднесено и за улицата „Ленинова“.
Герасимовски исто така истакнал дека пред секоја реконструкција ќе го практикува овој принцип на блиска соработка со граѓаните.
-Идејата е направиме подобри проекти заедно со граѓаните. Јас во предизборниот период неколкупати најавив вклученост на граѓаните при реализација на проектите и тоа ќе го исполнам. Мојата цел е заедно да реализираме подобри проекти кои во целост ќе ги исполнуваат интересите на граѓаните, рече Герасимовски.бт/хс/