Герасимовски: По првпат воспоставуваме „Крафт стрит“ – улица на занаетчиите во Центар

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави нов проект „Крафт стрит“ – улица на занаетчиите.

Целта е да се создаде нова урбана зона посветена на занаетчиството, уметноста и локалното производство.

„Во Центар за првпат воспоставуваме ‘Крафт стрит’ – улица на занаетчиите. Сите занаетчии, уметници и производители ќе добијат свој простор за развој и промоција на идеи и бизниси, а граѓаните ново катче со уникатни македонски производи“изјави Герасимовски.

Проектот, како што објасни тој, е дел од неговата визија за создавање покреативен, културно жив и економски одржлив Центар, каде што локалните уметници и занаетчии ќе имаат можност да го претстават својот труд и да остварат директен контакт со посетителите и купувачите.

„Ова е уште еден чекор во насока на создавање отворен, жив и културен Центар, општина во која граѓаните ќе имаат место за дружење, инспирација и гордост од сопствената традиција“,порача Герасимовски.

Back to top button
Close