Герасимовски: Подготвуваме одлична програма, анкетите ни даваат ветер во грб за втор мандат
Градоначалникот на општина Центар – Горан Герасимовски во гостување на телевизија 24 информираше дека заедно со тимот подготвува одлична програма, а последните анкети коишто се направени покажуваат солидни резултати кои даваат ветер во грб за втор мандат.
„Во моментов сме сконцентрирани да ги реализираме сите оние проекти коишто ги имаме ветено пред граѓаните. Некои се во завршна фаза, некои се на средина на реализација, сконцентрирани сме на нашиот дел на работење и функционирање. Јас и мојот тим подготвуваме одлична програма. Од последните анкети коишто се направени имаме солидни резултати коишто ни даваат ветер во грб да се бориме на овие локални избори. Во овие четири години покажавме дека можеме малку поразлично да функционираме од сите останати општини и дадовме пример како треба да функционира локалната самоуправа. Имаме совет којшто е мешан од повеќе советнички групи од различни политички партии, невладини организации, движења и слично“, рече Герасимовски.
Во емисијата, тој истакна дека општината покажала како одговорно се работи во интерес на граѓаните и верува дека сето тоа дава една позитивна слика којашто дава можност повторно да се побара довербата од центарци