Герасимовски со добри вести за пензионерите: Еднократната парична помош се зголемува од 2.500 на 5.000 денари

Нашите пензионери од Центар, нашите баби и дедовци добиваат дом за стари лица во Центар!, напиша на својот Фејсбук профил кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски.

Многу сум среќен што ова е еден од нашите клучни капитални проекти. Едно од моите ветувања кога станав градоначалник беше да им овозможам достоинствено стареење на повозрасните сограѓани, истакна Герасимовски.

За првпат пред неколку години почнавме да одвојуваме еднократна парична помош за пензионери со пониски примања и во следниот мандат, овој надоместок го зголемуваме, од 2.500 на 5.000 денари. На денешниот Меѓународен ден на стари лица, им се заблагодарив на пензионерите за целата поддршка што ми ја даваат, заеднички со нив ја подобруваме општината, за Центар што го сакаме“, нагласи Герасимовски.

 

 

Back to top button
Close